Беласица на „Младост“ против Саса

Екипата на Беласица утре на домашен терен ќе го одигра натпреварот против Саса од третото коло од Втората македонска фудбалска лига Исток.

Струмичани во овој натпревар влегуваат апсолутни фаворити за победа, пред се поради подобрата игра и публиката која ги бодри на „Младост“.

Belasica - Tikvesh - 12.09.2017

Беласица е прва на табелата во Втората лига Исток со 6 бода, воедно и единствен клуб кој има две победи. Саса е на претпоследното девето место на табелата без ниту еден освоен бод.

Натпреварот се игра утре со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1