Академија Пандев во недела против Победа

Екипата на Академија Пандев во недела гостува кај прилепска Победа во натпревар од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев е третопласирана екипа со 7 освоени бодови, додека клубот од Прилеп е седми на табелата со 4 освоени бодови.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Струмичани имаат едно реми, еден пораз и две победи, при што постигнале 5 гола, а примиле 3.

Прилепчани имаат два порази, едно реми и една победа, при што имаат постигнато 6 погодоци, а примено десет.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1