Светскиот ученички куп во април 2018 година ќе се одржи во Струмица

На 11 и 12 април 2018 година, Светскиот ученички куп чие финале секоја година се одржува на ЈЕИЛ универзитетот во САД, доаѓа во Струмица. Како што не информираше Верица Јанкова, професор во средното општинско училиште „Јане Сандански“, ова е резултат на успехот кој што го постигнаа нејзините ученички на преелиминарниот натпревар по англиски јазик кој што се одржа во Дубаи и на финалниот во Атина. 21751313_1407278325992260_4346918706674096753_nУченичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова под менторство на Јанкова, веќе се пласирани за финалниот натпревар кој на ЈЕИЛ универзитетот ќе се одржи од 9 до 14 ноември оваа година.

Comments are closed.

maski1