Делегацијата од Електростаљ на средба со градоначалникот Костадинов

Делегацијата од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, која втор ден престојува во општина Струмица, денеска, оствари средба со вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов и неговите соработници. 21728532_1407248752661884_4922262688144386375_nНа средбата, домаќините и гостите разговараа за досегашната соработка и нудеа идеи и предлози за нејзино продлабочување и проширување во повеќе области. Посебен акцент беше ставен на туризмот и двете страни ги разгледуваа можностите за реализација на првите туристички чекори. Гостите, кои досега неколку пати престојуваа во општина Струмица го нагласија задоволството од нејзината туристичка понуда, а градоначалникот Костадинов, ја потенцираше подготвеноста на Општината и нејзините расположливи капацитети за прифаќање на туристите од Московската област. На средбата се разговараше и за поголемо активирање на економската соработка, бидејќи за неа и од двете страни има и голема желба и можности.21731075_1407248745995218_4083642651433185653_n
Во рамките на оваа посета, вечерва со почеток во 19,30 часот во летниот амфитеатар во градскиот парк, двете гостинки – вокални солистки од делегацијата на Електростаљ, ќе одржат концерт за граѓаните на Струмица.21740011_1407249899328436_78806002136673470_n 21740452_1407248869328539_202253487968461404_n

Comments are closed.

maski1