Делегација од Електростаљ во посета на општина Струмица

Делегација од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, од денеска е во неколкудневна посета на општина Струмица. Посетатата започна во градинката „Детска радост“ каде што двете руски гостинки на дечињата им испеаја детски песнички, а претставниците на градот Електростаљ подарија фотографии и книги. Гостите ја посетија и библиотеката „Благој Јанков Мучето“ каде што донираа 300 книги, а се запознаа и со работата на винаријата „Далвина“.21728074_1406094592777300_7997764035942112574_n
За време на престојот во Струмица, домаќините и гостите ќе одржат и неколку официјални средби на кои со нови предлози и идеи ќе се зацврсти соработката која беше воспоставена во 2013 година со потпишувањето на Спогодбата за збратимување и пријателство помеѓу Електростаљ и општина Струмица.21730801_1406094319443994_1780137163143980790_n 21731037_1406094589443967_7238398239846008229_n 21740210_1406094312777328_5521109909093800582_n 21742898_1406094316110661_5081567952250942664_n

Comments are closed.

popup11