Беласица го победи Тиквеш на „Младост“

Екипата на Беласица вчера на „Младост“ со резултат од 3:1 го победи Тиквеш од Кавадарци.

Фудбалерите на Беласица беа апсолутни фаворити за овој натпревар, пред се поради далеку подобрата игра, квалитет, публиката и расположението кое владее во овој клуб.

Belasica - Tikves 12.09.2017

Беласица обезбеди нови три бода и со тоа се искачи на првото место на табелата со 6 бода, додека Тиквеш моментално е пласиран на седмата позиција со 3 бода.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против Саса, каде струмичкиот клуб е апсолутен фаворит за нова трета сезонска победа, додека Тиквеш му гостува на Турново на „Кукуш“.

 

 

Comments are closed.

maski1