Академија Пандев против Силекс во Кратово во Купот на Македонија

Екипата на Академија Пандев денес патува во Кратово, каде ќе го одигра натпреварот од 1/8 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија.

Академија Пандев со победа над ССК Нова со резултат од 0:6 обезбеди пласман во 1/8 финалето од Купот на Македонија, додека Силекс со истиот резултат од 0:6 ја победи Могила и обезбеди 1/8 финале.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Академија Пандев на последните пет натпревари има три победи, едно реми и еден пораз, додека Силекс на последните пет натпревари има три победи и два последователни убедливи порази. Едниот пораз од Пелистер на домашен терен со резултат од 1:4, додека вториот од шампионот Вардар со резултат од 3:1.

Натпреварот се игра денес со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

popup11