Струмица докажа како со љубов се прави фестивал за сите генерации

Годинава се оддржуа шестото издание на проектот СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ – најголемата културно -уметничка, едукативна и забавна манифестација.

Мотото на Струмица ОПЕН фестивал годинава е “Направено со љубов!”, затоа што  во Струмица првпат пристигнуваат специјални нешта направени со љубов. Од традиционални настани за верните посетители, до невидени изненадувања подготвени за новите фестивалџии. За сите возрасти, за сите вкусови. Емоцијата која ја пренесуваат годинашните 80 артисти, распоредени на 20 разновидни настани, пренесени на 5 отворени сцени. За фестивалската љубовна магија не постојат граници.

На 3 август со почеток во 21:00 часот пред Локалната установа библиотека „Благој Јанков – Мучето“ започна Струмица Опен Фестивалот.1

 

На настанот беа откриени два мурала на роднокрајните уметници Ване Костуранов и Никола Пијанманов кои се поставени на зградата од установата. Присутните уживаа во концертниот настап на бендот Contact 59 предводен од струмичанецот Љубен Маџиров, син на Зоран Маџиров.

Пред публиката беа изложени и фотографии од наградниот фото-конкурс за Струмица, а покрај корзото млади уметници твореа на платно пред публиката. На присутните им се обрати в.д. градоначалникот на Општина Струмица, Коста Костадинов и го прогласи фестивалот за отворен. Вечерта продолжи со едночасовна свирка на Паркети на Летната игранка на Леблебиџиска улица.


2
На 4 август, вториот ден,  од фестивалската програма во преполниот Летен Амфитеатар баритонот Васил Гарванлиев одржа свој концерт. На задоволство на присутните, во придружба на пијано и флејта, пееше на италијански јазик. Специјален гостин на италијанската вечер беше и Амбасадорот на Италија во Р. Македонија. Едночасовниот концерт на Гарванлиев заврши со изведба на неговата детска песничка „Марионка“.

Вечерта заврши со рокенрол концерт на сцената на Чешмичката каде публиката имаше можност да ужива во антологиските рок класици со оригинален призвук. Над 300 посетители во еден глас ги пееја хитовите на Битлси, Дип Парпл, Принс и останатите имиња кои оставиле белег во рок музиката.3

 

Сабота, 5 август беше ден во знак на најмладите. Во тек беше вториот ден од Летната школа за гитара на која 70-тина ученици работеа со професорите м-р Васко Пиличев и м-р Дејан Лазаревски. На сцената кај Чешмичката од 20:00 часот се случи интересна претстава со учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ од Дабиле.5



Десетина ученици ја одглумија Пипи долгиот чорап, а веднаш по нив од 21:00 часот настапија ЈОЈО ѕвездичките со своите новокомпонирани детски песнички.

Третиот настан за тој ден беше концертот на Ансабл Тримери -  најпрепознатливите струмички чувари на македонскиот фолклор и народно творештво. Со нивните весели ритмови, брзи тактови, талентирани играорци, нови кореографии и забавна програма успеаја да го преполнат Амфитеатарот и да ја кренат на нозе публиката.

4
На четвртиот ден од културно-уметничката програма гостуваше македонскиот виртуоз на гитара – Влатко Стефановски како специјален предавач на Летната школа за гитара.

Во преполната сала во ОМУ „Боро Џони“ најпознатиот македонски гитарист  ги почести младите гитаристи со свој едночасовен мастер клас. На присутните во концертната сала во ОМУ „Боро Џони“ гитаристот им зборуваше за неговиот  40-годишен пат, споделуваше трикови, пееше, свиреше и расположено разговараше со посетителите.
Вечерта програмата продолжи со завршниот концерт на учесниците од Летната школа за гитара предводени од м-р Васко Пиличев и м-р Дејан Лазаревски од 21:00 часот во Летниот Амфитеатар и концертот на лицата со телесен инвалидитет – Мобилност од 22:00 часот на сцената кај Чешмичката.

 

Почетокот на работната недела – понеделник беше резервиран за 20-те келнери кои се натпреваруваа пред публиката на струмичкото корзо. Тројца од нив добија награди за Најдобар келнер во 2017 година во Струмица. Наградите ги врачи в.д. градоначалникот на Струмица, кој беше присутен на сите настани од програмата.
На истата сцена кај Чешмичката од 22:00 часот се одржа четвртата џез вечер на која настапи џез музичарот, композитор и гитарист со светска кариера Владимир Василевски – Четкар. Со неговиот секстет ја размрдаа струмичката публика. Музичките критичари за него даваат спектакуларни критики и го позиционираат како еден од најнадежните имиња во џез-соул и фанк жанрот во светот, а тоа го докажа и кај нас во Струмица.

Вторник, 8 август, на програмата беше проекцијата на филмот The Nice Guys во Амфитеатарот од 22:00 часот и Вечерта на поезија од 21:00 часот заедно со Сузана Мицева и Дарко Лешоски.

6

 

Последните два дена од културно-уметничката програма, среда и четврток, завршија во знакот на добрата забава. Во среда во 22:00 часот на Езерцето поп-пејачката Александра Јанева одржа свој концерт заедно со гостите: Ристо Самарџиев, Антониа Гиговска, Панче Илиев, Иле Спасев, 2ВЕ и Филип Пешевски.

Во четврток од 21:00 часот се одржа Вечер на афоризми од интернационален карактер, а за крај актерот и комичар Никола Тодороски до солзи ја смееше публиката со својот двочасовен настап на Стендап вечерта во Амфитеатарот.

7

Во текот на последните три дена, петок, сабота и недела, односно од 11 до 13ти август сите настани се преселија на големата сцена на ОПЕН фестивал каде што настапија вкупно 20 изведувачи/бендови. За отварањето беа задолжени Boulevard Beats кои потоа сцената ја предадоа на Галија. Истата вечер настапија и  Гаро и браќата Тавитјан заедно со своите гости Александра Јанева, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек, а по нив следеше и настапот на DJ Александар Галоски. За крај не забавуваше диџејското трио од Pata Pata Recordings.8

Вториот ден од големата ОПЕН ФЕСТ сцена својата љубов ја ширеа Дани Димитровска, Van Gogh, Јелена Розга, Mistique и Astra-ion Project. На последната вечер на сцена настапија Нино Величковски, Queen Real Tribute, Дино Мерлин, Disconnected и Cyrillic.

За време на музичките концерти целиот плоштад беше распореден со штандови за пиво, храна и вино.

За време на 11те дена од фестивалот културно забавните настани ги проследија над 170 000 посетители. Посетеноста кулминираше на настапите на Галија, Јелена Розга, Мistique и Дино Мерлин.

Шестото издание на фестивалот се подготвуваше цели 6 месеци, а на него работеше проектниот тим од Здружението Културен Забавен Живот и екипа од 20 млади волонтери чија бројка му дава посебен белег и тежина. Превземениот товар, одговорноста и нивниот ентузијазам ветуваат дека следната година успехот ќе биде повторно неизбежен.9

Како и секоја година организаторот повторно ќе дозволи преку анкети и конкурси граѓаните да бидат директно вклучени во изборот на музичките имиња за фестивалот како и за негово надополнување со културни манифестации и проекти.

Несомнено, фестивалот постои за граѓаните, но благодарение на досегашната огромна поддршка од општествено одговорните компании, љубители на добрата забава, поддржувачи на културата, спортот и уметноста.10

11 12

Comments are closed.

maski1