Стара архитектура во Струмица – Куќата на Арсови (Старата турска пошта)

 

Постoи краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец ја опишува Старата турска пошта како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија. Овој значаен споменик е изград во 19. век под влијаније на западноевропската архитектура, во кубистички стил, во стариот дел на градот во близина на Орта Џамија, и во почетокот служела за потребите на тогашната турска администрација.1g6udx

Покасно овој јавен објект е претворен во приватна куќа во која живеело семејството Арсови, а од 2005 е во сопственост на НУ Завод и Музеј во Струмица и спаѓа во ретките објекти со споменна вредност која ја обликува архитектонската визура на некогашна Струмица.

Куќата на Арсови или Старата турска пошта се состои од подрумски дел кои е направен од камен, приземје и кат. Катот има исфрлање на двете страни од куќата, додека широката стреа со обликуван венец силно го нагласува кровот изведен со ориентална ќерамида.

Старата турска пошта е една од многуте прекрасни знаменитости кои ја красат Струмица.

k_arhi_drugi

 

Comments are closed.

popup11