СОВЕТ: Како да се спаси намокрениот телефон?

Неретко се случува да истуриме вода или друга течност на мобилните телефони. Бидејќи голем број луѓе не знаат како да реагираат во вакви случаи, следуваат неколку совети кои би Ви помогнале да (пробате) да го спасите вашиот телефон…

Не го вклучувајте телефонот. Има голема веројатност течноста да помине низ уредот и да дојде до главното коло. За да се минимизира штетата, веднаш исклучете го телефонот, извадете ја батеријата и исчистете ја со крпа. Расклопете го телефонот на делови (капак, сим-картичка, мемориска картичка), и нежно исушете ги со крпа деловите.

tel2

Соберете ја течноста од внатрешноста на телефонот користејќи правосмукалка околу 20-тина минути, но внимавајте да не ја држите преблиску до телефонот поради статичкиот електрицитет, кој е уште поопасен за телефонот од водата.

Не го сушете телефонот со фен. Ова е строго непрепорачливо, бидејќи, со топол воздух можете да го оштетите телефонот со прегрејување, а со ладен воздух може влагата да навлезе уште подлабоко во телефонот, што би предизвикало други штети.

гсм.мк

Comments are closed.

maski1