МВР со детали за несреќниот случај во СОУ „Димитар Влахов“

На 11.09.2017 година во 09,50 часот во Струмица во Средното училиште „Димитар Влахов“, 17 годишен ученик од с.Босилево-струмичко, се качил на железната конструкција на кошот поставен во училишниот двор, по што се спуштил на асфалтната подлога со двете нозе, а потоа паднал на грб и на глава по што изгубил свест. dimitar-vlahov-048_1581_10501Професорот по фискултура му укажал прва помош, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата Болница-Струмица, каде во 10, 10 часот од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото била предадено на обдукција.

Comments are closed.

maski1