Шајкаров се враќа во Струмица

Македонскиот кошаркарски прволигаш Струмица успеа да донесе ново име во своите редови. Повратник во клубот е Александар Шајкаров, младиот кошаркар кој дома се враќа од странство.

CaptureШајкаров, кој е роден во 1994 година и е дете на Струмица, настапуваше во екипата на Адмиралс од Молдавија, но доби понуда од македонскиот прволигаш и реши да се врати повторно во старото јато.

Тој е засилување за тимот по американското трио Џервон Џонсон, Рентавиус Гилберт и Тајлер Дејхл.

 

 

 

извор: http://www.gol.mk

Comments are closed.

maski1