Турново со два порази е на последното место

Екипата на Хоризонт Турново катастрофално ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига Исток, откако во првите две кола загуби убедливо.

Во првото коло Турновци на „Кукуш“ беа декласирани од штипска Брегалница со резултат од 1:3, додека во второто коло со резултат од 3:0 загубија во Гевгелија од Кожув.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Турново заедно со Саса од Македонска Каменица, се единствените две екипи кои по двете одиграни кола немаат освоено бодови.

Турново е на десеттото место на табелата со 1 постигнат и шест примени погодоци, додека Саса е на деветтата позиција со еден постигнат и три примени погодоци.

Во следното коло Турново на домашен терен игра против Тиквеш од Кавадарци.

Comments are closed.

maski1