Струмица доведе ново засилување, се врати искусниот Цветков

Македонскиот кошаркарски прволигаш, Струмица, вчера договори враќање во тимот на уште еден поранешен член. По Александар Шајкаров, во струмичкиот состав се враќа и едно добро познато име на јавноста во овој град. 

Некогашниот капитен на струмичкиот прволигаш, Петре Цветков, се согласи повторно да го носи овој дрес, во кој играше скоро во целата своја кариера.цветков

Со доведувањето на на 33-годишниот бек сега Струмица на новиот тренер Власис Влаикидис ќе го има потребниот спој на младост и искуство, откако ова лето ги ангажираше младите Арсоски, Делипетров, Макенаџиев, а тимот се засили и со тројца кошаркари од САД –  Џервон Џонсон, Рентавиус Гилберт и Тајлер Дејхл.

 

 

 

извор: Гол.мк

Comments are closed.

maski1