Беласица утре против Тиквеш

Беласица утре ќе го одигра натпреварот од првото коло против Тиквеш од Кавадарци, натпревар кои што беше одложен.

Домаќините во овој натпревар се апсолутни фаворити, пред се поради подобрата игра и форма, а тоа го докажаа во саботата, кога во Радовиш со резултат од 1:2 го добија големото дерби над Плачковица.

Belasica - Plachkovica 26. kolo Treta liga - ISTOK

Тиквеш исто така реализираше победа на домашен терен над Осогово од Кочани, со резултат од 2:1.

Доколку утре Беласица победи, тогаш ќе биде прва на табелата со 6 бода, доколку Тиквеш победи тогаш, клуб од Кавадарци со 6 бода ќе биде на првата позиција. Во случај на реми, тогаш и двете екипи ќе имаат по 4 бода, исто колку што има моментално првопласираната Брегалница и Борец од Велес.

Натпреварот се игра со почеток од 15:30 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Comments are closed.

maski1