Академија Пандев на третото место на табелата

Фудбалерите на Академија Пандев по 4 одиграни кола се наоѓаат на третото место во Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци во досегашниот тек од сезоната имаат забележано две победи, еден пораз и едно реми, при што имаат освоено 7 бода. Фудбалерите на новиот прволигаш имаат постигнато 5 погодоци, а примено три.

Во првото коло забележаа реми против Шкупи играј 1:1. Во второто коло со сигурни 2:0 го победија Фк Скопје.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-3

Во третото коло Академија Пандев гостуваше во Тетово, кај екипата на Шкендија, каде домаќините беа подобри со 2:1.

Во четвртото коло, кое се одигра вчера, Пандевци минимално со 1:0 ја победија Ренова, за нови три бода.

Во следното коло Академија Пандев гостува кај Победа, каде се благи фаворити.

Победа во досегашниот тек од сезоната има два порази, едно реми и една победа и со 4 бода се наоѓа на седмата позиција. Фудбалерите на прилепскиот клуб имаат постигнатно 6 подоци, а примиле десет.

Натпреварот се игра со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1