Академија Пандев ја победи Ренова

Екипата на Академија Пандев денес во Струмица минимално со 1:0 ја победи Ренова во натпревар од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци денес ја реализираа својата втора сезонска победа во ПМФЛ, откако на „Младост“ со голот на Балдовалиев во 61. минута од пенал ја победија Ренова.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017

Академија Пандев со 7 бода е третопласирана, додека Ренова по поразот од Струмица останува на два бода на последното место на табелата.

Во следното 5. коло Академија Пандев ќе игра против Победа на гостински терен, додека Ренова е домаќин на Пелистер.

 

Comments are closed.

maski1