Премиерот Заев во посета на ФКТ ,,Ристо Шишков”

Синоќа започна традиционалниот ФКТ ,,Ристо Шишков” во Домот на култура ,,Антон Панов” во Струмица. Помеѓу присутните беше и премиерот на Македонија Зоран Заев.20525671_10155825510742932_3819331672286223938_n

,,Вечерва присуствував на отворањето на 25-тото издание на најзначајниот театарски фестивал за актерот и актерската игра – Фестивалот на камерниот театар „Ристо Шишков“ и на денот кога пред 26 години граѓаните на нашата земја, референдумски донесоа историска одлука – прогласија независна Република Македонија.

Поддршката за културата и уметноста во Струмица е континуирана и нагласена. Меѓу првите работи што ги направивме првите 100 дена од работата на новата Влада, беше да ја обезбедиме заслужената поддршка на повеќе културни манифестации, како Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, како Струмица Опен Ер, но и други значајни културни инцијативи низ државата.

Така ќе биде и во иднина.” – изјави премиерот Заев .21558572_10155825550252932_6388822564187287827_n 21369600_10155825510952932_1954949934478179211_n 21369469_10155825511227932_8061369957488670545_n 21317973_10155825511277932_5574618319586724536_n

Comments are closed.

maski1