Беласица ја победи Плачковица во Радовиш

Екипата на Беласица денес на гостувањето во Радовиш со резултат од 1:2 го доби големото дерби со Плачковица.

На градскиот стадион кои беше полн со гледачи и навивачи од двете екипи, Беласица го одигра првиот натпревар од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига Исток, откако оној со Тиквеш од првото коло беше одложен за 12. септември.

Домаќините први дојдоа во водство откако Коцев во 18. минута на Плачковица и донесе водство.

7

По големиот притисок на гостите, во 33. минута Горгиев ја погоди противничката мрежа за 1:1.

Голем број на шанси имаше и кај двете екипи, но резултат остана непроменет до крајот на полувреме.

Во вториот дел од натпреварот Беласица имаше поголем притисок кон голот на домаќите, и поголем број на шанси за гол. Костовски во 71. минута од натпреварот погоди за 1:2, со што тоа беше и конечниот резултат од оваа големо дерби.

За Беласица ова се првите три бода, додека Плачковица останува на трите бода која ги освои во минатото коло со победата над Саса.

Во третото коло Плачковица гостува во Кочани кај Осогово, додека Беласица е домаќин на Саса, во натпревар каде е фаворит.

Comments are closed.

maski1