Честитка од Костадин Костадинов по повод ,,Денoт на независноста на Македонија”

21369303_1401960496524043_1306306922387092731_nПочитувани сограѓани,

8 Септември 1991 г., е најсветлиот датум во поновата историја на нашата татковина. Тоа е денот кога граѓаните на Република Македонија, во свое име, во името на многу поранешни генерации граѓани, но и во името на идните поколенија на нашата земја, непоколебливо и со многу љубов, го кажаа своето историско „ДА“ за самостојност на Република Македонија.

Денес, кога ја славиме 26 – годишнината од тој голем ден, треба да бидеме единствени во мислата, дека Република Македонија е нашето најголемо богатство, во кое се спастрени Вербата, Љубовта и Надежта на сите оние кои си ја сакаат и почитуваат татковината, но и смислата на нашето постоење.

Затоа, да си ја чуваме и негуваме Република Македонија, бидејќи ние сме дел од неа, но и таа е дел од нас.

Од мое лично име и од името на Општина Струмица, од длабочината на мојата душа, Ви го честитам Денот на самостојноста на Република Македонија.

НЕКА НИ Е ВЕКОВИТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Comments are closed.

popup11