Турново на гостување кај Кожув во Гевгелија

Екипата на Турново утре гостува кај Кожув во Гевгелија во натпревар од 2. коло од Втората македонска фудбалска лига Исток.

Двете екипи сезоната ја започнаа со порази. Турново сезоната ја започна очајно, во првото коло беше прегазен од Брегалница на „Кукуш“ со 1:3, додека Кожув во Кочани  загуби минимално со 1:0 од Осогово.

 Turnovo - Metalurg 15.05.2016 4

Кожув може да го добие епитетот на благ фаворит со оглед на тоа што одигра подобар натпревар во првото коло, многу подобро се спротивстави на противникот, отколку што тоа го направи Турново, и фактот што игра на домашен терен и пред својата публика.

Овој натпревар се игра со почеток 16 часот.

 

Comments are closed.

  vtoro122