Сладоледот го чува здравјето

Покрај тоа што е омилен засладувач, сладоледот е од корист за здравјето – богат е со калциум, витамини и антиоксиданси, а иако многумина сметаат дека тој допринесува за зголемување на телесната тежина, истражувањата го покажуваат спротивното.

Омилен летен засладувач, сладоледот, со кој што со задоволство уживаме со него во овие топли денови, е корисен за здравјето.

17615813050006b048a4d5652822397_v4 big

Тој е богат со калциум. Основните намирници за правење на сладоледот се млекото и слатка павлака, овој засладувач е одличен извор на калциум и витамини А и Б. Возрасните луѓе имаат високи дневни потреби на калциум, околу 1000 mg на ден, а на бремените жени и децата им треба уште повеќе.

Сладоледот помага за одржување на телесната тежина. Поради висината на шеќер и масти се смета дека сладоледот ја зголемува телесната тежина, иако некои истражувања го покажуваат спротивното. Калциумот ја намалува калориската вредноста на сладоледот, па таа се движи помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ, велат нутриционистите.

Богат е со витамини и антиоксиданси. Во зависност од вкускот, сладоледот е извор на различни витамини и антиоксиданси. Сладоледот направен од свежо или замрзнато овошје е одличен извор на витамини, а сладоледот направен од зрна кафе или какао е одливен извор на полифеноли, антиоксиданси кој ги чува срцето и крвните садови.

Comments are closed.

popup11