Министерот Роберт Алаѓозовски најави итно реставрирање на најстарата фреска во Струмица

Министерството за култура со Програмата за 2018 година ќе обезбеди средства за заштита и реставрација на една од најстарите фрески не само во Македонија, туку и на Балканот што се наоѓа во археолошкиот локалитет на црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“, а датира од деветти век. 10421192_907004549311081_6932419676497975139_n

Ова денеска го најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој е во работна посета на Струмица.

- Во 2018 година ургентно ќе биде направена конзервација на тој фрескоживопис, бидејќи навистина сме шокирани и скандализирани дека толку години не е направено ништо, а тоа е една од нашите најстари и највредни фрески кои што ги имаме – рече министерот Алаѓозовски.

Comments are closed.

maski1