Беласица утре против Плачковица во Радовиш

Екипата на Беласица утре има тешко гостување во Радовиш против Плачковица, во натпревар од 2. коло од Втората македонска фудбалска лига Исток.

Беласица натпреварот од првото коло против Тиквеш од Кавадарци го нема одиграно, па така утрешниот дуел против Плачковица, за нив ќе биде прв натпревар во новата сезона од Втората македонска лига Исток.

 14333613_765315980277151_1761538924284977616_n

Во првото коло Плачковица со резултат од 2:1 на градскиот стадион во Радовиш, ја победи екипата на Саса.

Овој дерби дуел на колото ќе привлече големо внимание на спортската јавноста, па така се очекува утре градскиот стадион во Радовиш да биде преполн со гледачи.

Натпреварот стартува со почеток од 16:00 часот.

Comments are closed.

popup11