Koja е вашата Ахилова пета според хороскопскиот знак?

Oвен

Не сака да му се кажува што треба да прави. Секој кој му ја наметнува својата волја е остранет од неговиот живот. Не го сака својот шеф. Кога го има, се однесува како да го нема. Овните можат да ги остранат луѓето од своите животи фино и дискретно, а може и директно. Не му зборувајте за неговите маани.

Бик

Не сака кога некој му го уништува уживањето, не сака некој да му ја допира храната и сите уметнички работи за кои е приврзан. Понекогаш не може да сфати дека нематеријалните работи се исто така еднакво важни. Воздржувањето и некреативноста предизвикуваат нервоза кај бикот.

Близнаци

Сигурно нема да имате близок контакт доколку им речете да молчат и да не се шегуваат со вас. Исто така, се нервираат кога ќе им речете дека она што го читаат е неквалитетно и лошо, без разлика дали е книга или весник. Критиките од типот дека се лоши возачи и дека треба да ги намалат телефонските разговори и пораките исто така не се добредојдени.

horoskop-zodijak-01

 

Рак

Ако сакате да изнервирате рак, најдете некоја обврска која нема врска со домот, луѓето и семејството. Тоа ќе го исфрли од колосек. Промената на вообичаените навики исто така може навистина да го вознемири бидејќи ги менува работите само доколку тој сака. Не сака кога некој му го скратува зборот или кога некој ќе му рече да биде сериозен и да порасне.

Лав

Не сака кога му се наредува. Не го прашувајте за неговата финансиска состојба. Избегнувајте разговор за неговиот партнер, тоа не треба да ве интересира. Не чепкај лав додека спие, тоа сите го знаеме. Не сака кога некој се фали и кога некој е подобар од него. Не сака кога не е центар на внимание.

Девица

Не ја критикувајте облеката на девицата, ниту мебелот во нејзиниот дом бидејќи за тоа е многу чувствителна. Нема лесно да го поднесе и ќе ви замери. Не обидувајте се да ѝ се вклопите во нејзиниот распоред, нема да ви успее, освен самата ако не дозволи.

Вага

Не обидувајте се да ја натерате вагата да го каже своето мислење, а да знае дека не се сложува со вашето. Дури и кога не се сложувате, ќе ги ублажи разликите во различните ставови. Вагата не сака кавги и расправии, па затоа ќе ве игнорира. Лошото мислење за другите ќе го задржи за себе, освен ако некој не ја испровоцира. Секогаш мисли дека е во право.

Шкорпија

Немојте да ѝ наредувате на шкорпијата и немојте да ѝ попувате – нема да ве послуша и ќе го направи спротивното. Дури и ако ја критикувате може толку да ја повредите, што и неа после ќе ѝ биде жал поради претераната реакција. Тешко простува и не сака лаги. Исто така, големо злопамтило е.

Стрелец

Не сака обврски. Не сака да прави било што за кое другите ќе го тераат. Не сака авторитет, ниту затворени мали простори. Не сака луѓе кои молчат.

Јарец

Не поднесува несериозност, па ретко овие луѓе се несериозни. Не сака состаноци кои се во одредено време. Постојано доцни. Не сака кога некој го брза. Ретко е толерантен кон оние кои имаат различни ставови од него.

Водолија

Не сака кога работите течат бавно. Сè мора да се случи веднаш. Не може да се чека. Животот без стрес и забрзаност всушност не е живот. Затоа ненамерно или намерно занемарува некои работи, за да ужива во стресната работа. Не можат да поднесат да се сами. Секогаш имаат пријатели околу себе.

Риби

Не можат да живеат без мисии, без тоа да се потребни на некого. Затоа тешко го поднесуваат игнорирањето од страна на другите. Реалниот свет за нив не е нивни свет. Имаат свое гледиште кон светот. Не ја прифаќаат вистинската состојба на работите. Поради тоа не можат да сфатат дека некој не ја разбира целта на нивното постоење во светот.

Сè што прават мора другите да го забележат, инаку ќе биде како да не се случило. Најмногу ги нервира тоа што кога помагаат, другите не забележуваат.

 

Comments are closed.

Capture