Македонија доминираше, Албанија извлече реми на стадионот во Струмица

Македонските фудбалери на стадионот „Младост“ во Струмица доминираа во текот на целиот натпревар, го имаа поседот на топката на своја страна, упатија вкупно 21 удар кон противничкиот гол, од кои девет во рамките на голот, но во одредени моменти немаа среќа, а и албанскиот голман Бериша, со неколку сигурни интервенции успеа да ја одбрани својата мрежа.zAy4x-makedonija-albanija

Најблиску до гол во доминантното прво полувреме Македонија беше по обидите на Пандев и Барди. Македонскиот капитен се обиде од 20 метри, но Бериша го одбрани неговиот удар, а албанскиот голман со многу проблеми ја скроти топката по слободниот удар на Барди.

На почетокот на вториот дел во 53 минута западниот сосед поведе со 1-0 со голот на Роши со глава. Овој резултат беше активен се до 78 минута кога нововлезнеиот Трајковски со удар од 11 метри го израмни резултатот. Потоа ние имавме прилики преку Алиоски и Несторовски, меѓутоа не дојде до промена на силите и резултатот.

Comments are closed.

  vtoro122