Започна асфалтирањето на улици во населените места

По извршените подготвителни активности, започна асфалтирањето на улици во населените места во општина Струмица во планираната прва фаза. Во текот на вчерашниот ден се асфалтираа три улици во населеното место Куклиш, а овој градежен зафат денеска продолжи во Градско Балдовци. Според информацијата од Одделението за комунални работи, Дабиле и Добрејци се следните населени места каде што ќе се асфалтираат улици.

 1

Асфалтирањето се врши согласно програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година, а во оваа прва фаза  ќе бидат асфалтирани 14 улици во населените места Габрово, Дабиле, Куклиш, Рич, Градско Балдовци, Костурино, Добрејци, Муртино, Вељуса и Попчево. 4

Comments are closed.

Capture