Струмичка кујна – Слатко од киви

Ова слатко не е од традиционалната струмичка кујна, но денес секаде предизвикува огромен интерес, па и кај нас, затоа нека остане забележано.2016-07-16_23-48-00_s

Се прави брзо и лесно, кивите треба да се мали и тврди, неферментирани. Тешко се наоѓаат мали, затоа може и нормална големина, одлично излегува.
Многу е лично, како срча е, како велиме ние.
Состојки
1 кг. киви
1 кг. шеќер
1 чаша вода
1 ванила
Постапка
Се лупат, се мијат, се сечат поголемите.
Се прави шербет, треба да кристализира малку по страните од тенџерето.
Се додаваат кивите, се одпенува постојано.
Се вари 45 минути, на средна температура.
При крај се додава ванилата, се одпенува и се покрива со мокра крпа.
Утредента се става во тегли.

2016-07-17_00-01-31_s 2016-07-17_00-43-55_s 2016-07-17_00-46-01_s 2016-07-17_01-13-58_s

Пишува: Весна Рохр -Со љубов, за вас

Comments are closed.

popup11