KK Струмица гради моќен тим, денес претстави две засилувања од САД

Македонскиот прволигаш, КК Струмица, денес обезбеди две странски имиња за новата сезона. Capture

Тимот од југот на Македонија кој повторно ќе биде предводен од грчкиот стручњак,  Власис Влаикидис, своите редови ги засили со Американците Рентавиус Гилберт и Тајлер Дејхл. 26-годишниот Дејхл во Струмица доаѓа од редовите на косовски Раховеци, додека Гилберт доаѓа директно од САД, односно од „Appalachian State University“.

Кошаркарите на Струмица веќе 20 дена во салата „Парк“ се подготвуваат за новата сезона, а од раководството на чело со спортскиот директор Антонио Иванов најавуваат уште неколку странски засилувања, со што ќе се комплетира костурот на тимот на новиот тренер Влаикидис.

 

 

извор: http://www.gol.mk

Comments are closed.

popup11