Градоначалникот Костадинов им се обрати на струмичките првооделенци

За 499 првооделенци од општина Струмица, денес започна новата учебна 2017 / 18 година. На традиционалната свеченост со пригодна програма, што во нивна чест беше организирана во дворот на Домот на АРМ, свое обраќање до нив, имаше в.д. градоначалникот Костадин Костадинов.21271323_1398889783497781_5693716128327155222_n
„Јас, како градоначалник и човек, кој многу ве почитувам Вас – децата, ве советувам да бидете ученици и деца за пример, и да уживате во новата средина. Тоа ви го велам, затоаа што училиштето не претставува само извор на знаења, туку и место каде што се развива вистинското другарство, а тоа подразбира и можност, да се каже или слушне добар збор, да се подаде и прими рака за поддшка и помош. Тие вредности се бесценети, а се паметат и траат вечно“, им рече меѓу другото на првачињата, в.д. градоначалникот Костадинов.21231567_1398889820164444_1145585766117995138_n 21272172_1398889830164443_5290083531466992270_n 21317458_1398890003497759_5706893256342188426_n 21371033_1398889786831114_871556401736376729_n za kosta english

Comments are closed.

popup11