Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 14

Анатомски сум чудно изграден. Имам некулку пети – ахилови.

 

aco-gorgievНа работно место сум алфа и омега, само дома сум безгласна буква.

 

Имам говорна маана. На луѓето им го кажувам она што не им одговара да го слушнат.

 

Пишувам збијено. За да не ми читаат меѓу редови.

 

Бракот ми е кристал. Само нозете му се од стакло.

 

Риболовец: Комшивката ја гледам риба и пол, а комшијата како сом.

 

Од сите геометриски фигури најмногу го сакам кругот – никогаш не можат да те стават во кош.

 

Не сум матен тип. Само не ме виделе во светло издание.

 

Comments are closed.

maski1