Академија Пандев против Силекс во Купот на Македонија

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Академија Пандев го доби својот противник во фудбалскиот Куп на Македонија.

Пандевци по убедливата победа во 1/16-финалето со 0:6 над екипата на ССК Нова, обезбеди пласман во осминафилането од Купот на Македонија, каде силите ќе ги измери со екипата на Силекс од Кратово.

Првиот натпервар Академија Пандев го игра на гостински терен во Кравото на 13. септември со почеток од 15:30 часот, додека реванш натпреварот се игра во Струмица на 18. октмври со почеток од 14:30 часот.

Покрај овој натпревар, најголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу Работнички и Шкендија, трандиционално градско дерби ќе гледаме и помеѓу Вардар и Шкупи.

Актуелниот куп-шампион Пелистер од Битола ќе игра против Борец од Велес, каде е апсолутен фаворит, Победа од Прилеп против штипска Брегалница, Кожуф ќе игра против Тетекс, Скопје ќе игра со Еуромилк и Ренова силите ќе ги одмери со Струга Трим Лум.

 

 

Comments are closed.

  vtoro122