Академија Пандев во недела против Ренова

Екипата на Академија Пандев во недела на домашен терен ќе игра против Ренова, во натпервар од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Овие две екипи досега немаат одиграно официјален натпревар во некое натпреварување, тоа значи дека за прв пат во недела ќе ги одмерат силите во најсилното фудбалско натпреварување во државата.

Во досегашните 3 одиграни кола од ПМФЛ, Академија Пандев има едно реми, една победа и еден пораз, со што има вкупно 4 освоени бодови и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

20250981_10210141289270664_610490968_o-696x398

Ренова има забележано две ремиа и еден пораз, со што има 1 освоен бод и се наоѓа на осмото место на табелата во ПМФЛ.

Фудбалерите на Академијата имаат постигнатно 4 погодоци, а примиле 3, додека фудбалерите на Реноваа немаат се уште постигнато гол, а примиле три, во трите одиграни кола.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 16 часот.

 

Comments are closed.

  vtoro122