Училиштата во Струмица подготвени за новата учебна година

Основните и средните училишта во општина Струмица се подготвени за почетокот на новата учебна 2017/2018 година. Во текот на летниот период во училиштата се извршени повеќе зафати со цел да се обезбедат солидни услови за изведување на воспитно-образовниот процес кои што секогаш биле приоритет и за училиштата и за општина Струмица. Варосани училници, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, подновени училници и ходници на училиштата, тековно одржување на објектите, исчистени оџаци, подготовка за грејната сезона и други тековни работи се направени во училиштата, а во дел од нив се реализирани и повеќе градежни и занаетчиски работи.21199353_1396255353761224_7549435776062746142_o
Во ООУ „Герас Цунев“ од Просениково, поставена е термоенергетската фасада на новиот дел од училишниот објект и извршена е набавка на бели табли за сите училници.
Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, набавен е нов инвентар (клупи и столови) и поставено е топловодно греење во објектот.
Во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, извршена е замена на дотраени врати (две ПВЦ врати во санитарните јазли и една дрвена во кабинетот по информатика), замена на дотраениот под (ламинат) во спортската сала со паркет, изведба на нова армирано бетонска меѓукатна конструкција и обложување на подот со ламинат проследено со санација на ѕидовите и таванот.
Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ извршена е целосна изведба на 4 санитарни јазли во приземјето, со адаптирање на еден дел за лица со посебни потреби, поставени рефлектори во училишниот двор и спортското игралиште, реконструкција на кабинет за агрономи-поледелци, а поставени се и нови канделабри.21272134_1396255400427886_986848617139100534_n
Во ООУ „Видое Подгорец“ извршена е реконструкција на училници со демонтирање на паркет, поставување бетонски порамнителен слој и редење ламинат.
Во ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса, извршена е замена на дотраениот паркет со ламинатен под во една училница, замена на три врати од канцеларии, замена на цокла на фасадата на училишната зграда со фасадни плочки, доградба на оџак во спортската сала.
Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље, извршена е поправка на дел од внатрешните ѕидови и боење на врати.21318912_1396255500427876_7854172494844918477_o
Во ООУ „Сандо Масев“-Струмица, извршени се повеќе зафати: поставување на нови грејни тела (радијатори)во кабинет по информатика, соблекувална на спортска сала, кариерно катче, ставање порамнителен слој до 5 см на 3-училници-240 метри квадратни, поставување паркет на 6-училници-240 метри квадратни, поставување лајсни на 19-училници-800 метри квадратни, стругање и лакирање на паркет на 19-училници-околу 800 метри квадратни, Преадаптација на тоалет со поставување шолја за потребите на учениците со посебни потреби-телесен инвалидитет, поставување на Ф-50 (помошна ограда) за децата со телесен инвалидитет, делумна реконструкција на сала за физичко и здравствено образование (преадаптација и санирање на тавански ламперии, отстранување на заштитници и замена на оштетени рефлектори и позиционирање на соодветна висина), реконструкција на под во ходник, а во подрачното училиште во Добрејци извршено е поплочување и поставување на нови врати на училниците.

Инаку до 31 август 2017 година, во прво одделение во општинските основни училишта се запишани 499 ученици, од кои 275 се машки, а 224 се женски.
Новата учебна година за основците ќе започне за 5.015 ученика, од кои 2.589 се машки, а 2.426 се женски.
Во општинските средни училишта, првата година ќе ја започнат околу 870 ученици. Вкупниот број на ученици во трите општински средни училишта од прва до четврта година, се очекува да биде околу 3.100 ученици.

Comments are closed.

popup11