Академија Пандев на четвртата позиција во Првата лига

20250981_10210141289270664_610490968_o-696x398

Екипата на Академија Пандев во досегашниот тек од новата сезона одигра три натпревари во Првата македонска фудбалска лига, при што фудбалерите на овој клуб имаат забележано едно реми, една победа и еден пораз.

Со овие три одиграни натпревари струмичани имаат вкупно освоено 4 бода и се наоѓаат на четвртото место на табелата.

Во првото коло Пандевци во Чаир ремизираа играјќи 1:1 со Шкупи. Во второто коло силите ги одмерија на домашен терен против новиот прволигаш Скопје, а во овој натпревар екипата на Академија Пандев славеше со 2:0.

Во третото коло во Тетово, Академијата го доживеа првиот пораз со резултат од 2:0 од Шкендија.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен игра против Ренова, клуб кој што има забележано две ремиа и еден пораз и со 2 бода е на осмата позиција. Во овој натпревар струмичкиот клуб е благ фаворит, поради подобрата форма, како и поради тоа што игра на домашен терен и пред своја публика.

Овој натпревар е закажан за 10 септември.

Comments are closed.

Capture