Startup Академијата во партнерство со Silicon Drinkаbout Скопје одржа промотивен настан во Струмица

Startup Академијата во партнерство со Silicon Drinkаbout Скопје одржа промотивен настан во Струмица за 10 неделната интензивна пред-акцелераторска програма по моделот Lean Launchpad која ќе започне во општина Струмица. silПреку оваа програма сите заинтересирани кои ќе се пријават да бидат дел од истата ќе се стекнат со сите практични вештини за водење бизнис од аспект на валидација и тестирање на бизнис идејата, истражување на пазарот и клиентите,  започнување на бизнисот и планирање на инвестициите, практична работа со докажани и искусни професионалци како и една од главните цели на оваа програма создавање на локална заедница на претприемачи и стартапи во Струмица.

Сите заинтересирани можат да се пријават на онлајн пријавата на веб страната www.startupacademy.mk до 12.09.2017 година и мора да ги исполнуваат следните услови:

-Да поседува бизнис идеја;
-Да биде над 18 години;
-Да се пријави во тим од најмалце 2 учесници, а најмногу 4 учесници;

Comments are closed.

popup11