Хороскопските знаци и парите

Некои знаци во зодијакот имаат подобра основа за стекнување на пари, со помалку напори од останатите знаци. Погледнете кои знаци имаат повеќе среќа во правењето на пари, а кои добри шанси за огромна заработка.

horos

Овен – Овенот заработува пари, но во склад со тоа, вложува големи напори за да ги оствари своите материјални цели.Силата на неговиот карактер мора да биде употребена на нешто продуктивно во бизнисот или професијата со која се занимава за да постигне материјален успех.

Бик – Бикот е знак на благосостојба и поради тоа има среќа со парите. Како по правило, скоро секогаш добива наследство или има некои други привилегии – преку подароци или значителни суми кои ги добива од роднините.

Близнаци – Помалку безличниот ум на Близнаците умее да биде клуч на успехот кога станува збор за пари. Иако не спаѓаат во “материјалните” знаци,

Близнаците се талентирани и сестрани и со својата интелигенција може да постигне голем материјален успех. Секогаш се снаоѓа, но повеќе тоа е заслуга и на луѓето околу него кои му помагаат – партнерката, родителите или роднините.

Рак – Ракот поседува вродена деловна интелигенција. Мошне е способен да започне сопствен бизнис и да заработи големи суми на пари. Не ги сака промените, но кога тие ќе настапат, Ракот е добро подготвен и организиран, па вешто ја користи секоја можност за да генерира пари.

Лав – Ако Лавот сака да биде богат мора да ја промени својата идеалистичка природа. Тој се занимава со професија во која повеќе му значи да биде исполнет, отколку заработката. Сите професии кои и служат на јавноста и допринесуваат светот повеќе да ужива му одговараат на Лавот.

Девица – Девицата е склона кон стекнување пари во мали рати, упорно и сигурно. Овој знак е многу штедлив и своето богатство го стекнува собирајќи денар по денар. Одлично пресметува и со секоја мала трансакција Девицата ја зголемува својата сметка.

Вага – Слично како Близнаците, и Вагите се сестрани и интелектуални, иако не им се предвидува голема заработка, нивните способности им помагаат да постигнат добар резултат.

Шкорпија – Шкорпијата често добива пари оставени во наследство, но бидејќи е чувствителна кога станува збор за материјални работи, успева и да го сочува тоа што го наследува.

Парите за Шкопиите се афродизијак кој им го крева адреналинот и ги тера да бидат подобри и поуспешни. Затоа уживаат додека ги трошат и не штедат опсесивно, затоа што знаат дека се способни да заработат и дупло повеќе.

Стрелец – Стрелецот е еден од најсреќните знаци на Зодијакот кога станува збор за парите. Доколку не се збогати, сигурно ќе пронајде професија која му гарантира животен комфор. Ако не е тоа случај, тогаш дефинитивно не постои хороскопски знак кој се снаоѓа полесно од него.

Јарец – Бидејќи Јарецот е хороскопски знак на успехот и бизнисот, најуспешен е во материјалниот сегмент на животот. Тој едноставно умее да направи пари, а не мора да биде посебно креативен или необичен, но има самодисциплина и истрајност во своите амбиции, а амбициите секогаш се од материјална природа.

Водолија – Како хороскопски знак со најизразен интелект во Зодијакот, Водолијата не се плаши премногу за финансиската состојба. Во нејзин интерес е да придонесе кон подобрување и прогрес на светот, па и од тоа може доста да заработи.

Риби – Нивната интуиција е на завидно ниво и често се случува да замислат нешто и тоа да се оствари, а притоа ни со прст да не мрднат. Од друга страна, не се доволно амбициозни за материјално да ги обезбедат долгорочните планови.

 

Comments are closed.

  vtoro122