Потпишан Меморандум за соработка меѓу општина Струмица и Здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Собранието на здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, Мими Николиќ, денеска, потпишаа Меморандум за поддршка и соработка помеѓу општина Струмица и здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА.

1 (2)Целта на потпишувањето на овој Меморандум е реализација на проектната активност „Организирање граѓански буџетски форум во општина Струмица“, а преку која се подига нивото на транспарентност и развојот на локалната демократија во општина Струмица и учеството на граѓаните во градењето на локалните политики и практики.

Двете страни ги договорија своите обврски за успешно спроведување на граѓанскиот буџетски форум кој што ќе се реализира со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.3

Струмица е меѓу првите општини во Република Македонија која ги вклучи граѓаните во креирањето на локалните политики и проекти.

Comments are closed.

  vtoro122