Домашна бабина гурабија – десертот кој го собира целото семејство на маса

Десерт кој нашите баби го правеле уште во дамнешни времиња, а ние и по толку многу години се’ уште не можеме да му одолееме. Еве ја рецептата:

67fdf162f63f0f47b0a084793fc2bb75f0-w=1920-h=1282

Потребни состојки:

3 чаши зејтин
3 чаши бело вино
1 прашок за пециво
цимет
100 гр. толчени ореви
брашно колку што ќе впие

Начин на подготовка:

Ставете на даска за месење брашно, направете на средината вдлабнатина и ставете го маслото, прашокот за пециво и виното. Замесете го тестото средно меко, за да може да се сука. Расукајте од тестото кора и вадете од тестото парчиња со чаша за вода. Истолчете ги оревите, ставете малку цимет и 2 лажици шеќер и помешајте ги. Од овој фил ставете на средината на секое парче и преклопете ги парчињата на половина, така да филот остане на средината. Печете ги така да бидат бледо печени. Откако се испечат, увалкајте ги во шеќер во прав помешан со ванила. Одлични се во комбинација со вашиот омилен чај или кафе.

Добар апетит!

gurabii

Comments are closed.

popup11