Академија Пандев загуби од Шкендија во Тетово

Фудбалерите на Академија Пандев денес на гостувањето во Тетово кај екипата на Шкендија го загубија натпреварот од 3. коло од Првата лига.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017

Домаќините имаа голем број на шанси и со два гола заминаа на полувреме. Во вториот дел од натпреварот притисокот од Шкендија кон „Академијата“ беше голем, но сепак немаше погодок.

Во 88. минута Дориев постигна погодок за конечни 2:1.

По овој натпревар Шкендија ја превзема лидерската позиција на табелата со 9 бода, додека Пандевци се четврди на табелата со 4 бода.

Во следното коло екипата на Академија Пандев на домашен игра против Ренова каде е благ фаворит.

Comments are closed.

Capture