НОВУС одржа фокус група за потребите на проектот „Младите и младинските организации партнер на општина Струмица“

Во рамките на проектот „Младите и младинските организации партнер на општина Струмица“ се одржа фокус група со претставници од младински организации и институции од општина Струмица.

Фокус групата беше оргaнизирана од страна на Центарот за истражување и анализи НОВУС, a имаше за цел да се изнајдат нови начини и концепти за иницирање на младинско вклучување во младински организации, креирање на локални политики и процеси на донесување на одлуките. Покрај ова, учесниците дадоа сугестии и идеи во врска со потребите на младите, но и проблемите што ги имаат во општина Струмица.21082273_10212338935727543_655999555_o

Заклучок од фокус групата беше дека граѓанските организации мора активно да се вклучат во мотивирање на младите за вклучување во општествените процеси и при донесување на одлуките. Потребна е поголема теренска работа, но и гласот на младите да биде артикулиран до надлежните и да биде слушнат. Покрај ова, учесниците нагласија дека на општина Струмица и е потребно формирање на младински парламент и совет на млади, како тела кои ќе ги застапуваат младите и нивните интереси.

Комплетните резултати од фокус групите, истражувањето и интервјуата ќе бидат составен дел од Студијата за млади што ќе ја изготви НОВУС.

Во наредниот период НОВУС активно ќе работи на сите овие прашања и со своите капацитетите и знаења ќе придонесе кон унапредување на позициите на младите во општина Струмица.

Comments are closed.

popup11