Костадинов: Портите на Струмица секогаш се отворени за добредојде на спортистите

Вчера и денеска, Струмица беше домаќин на меѓународниот турнир во женски фудбал со поддршка на Општината, а кој што се одржува во рамките на подготовките на претстојната фудбалска сезона во Струмица. На турнирот учествуваа женските фудбалски клубови Црвена Звезда – Белград и Машинац – Ниш од Република Србија, Елпидес- Кардитса од Република Грција и Тиверија -Струмица од Република Македонија, а натпреварите се играа на игралиштето со вештачка трева. Наградите на најдобрите учесници, денеска, им ги врачи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.1

-Дозволете ми, пред да ги прогласиме најдобрите екипи на овој силен меѓународен турнир во женски фудбал, чиј домаќин, вчера и денес, беше нашиот град, да ве поздравам од Општина Струмица и од мое лично име, со надеж дека ваквите спортски собири ќе станат Ваша редовна пракса, со што ќе докажете дека фудбалот, а и спортот воопшто, се нешта со кои најлесно се унапредува соработката и пријателството, и најлесно се совладуваат постоечките бариери меѓу народите.Токму затоа, воопшто не значајно кој клуб е прв, а кој последен. Најважно  е дека со овој турнир се здобивте со нови искуства и пријателства. Општина Струмица, помагајќи го спортот, вклучително и женскиот фудбал, ќе овозможува и во иднина да се случуваат вакви убави спортски настани. Со надеж дека од нашиов град си заминувате со убави спомени,  сакам да знаете,  дека портите за добредојде  на Струмица секогаш ќе ви бидат отворени, рече Костадинов.2

На овој меѓународен турнир во женски фудбал, првото место го освои екипата на Црвена Звезда од Белград, второто место Машинец од Ниш, третото место Тиверија од Струмица и четвртото место Елпидес – Кардитса од Грција.

 7 3

Comments are closed.

  vtoro122