20 НАЈСКАПИ ХОТЕЛИ ВО СВЕТОТ

Меѓу 50 градови низ цел свет, хотелските соби во руската метропола се најскапите, со просечна цена од околу 327 евра за една ноќ.

????? ? ????? ??????? ????????? ?????????? (???? ??????? ??????????) (St Basil's Cathedral)

Според истражувањето на туристичка компанија Hogg Robinson изминатата година просечната  цена на хотелските соби се зголеми за три проценти, но без разлика на овој податок, осма година по ред Москва е на врвот на листата на земја со најскапи хотели.

Покрај Москва, најскапо се ноќева во Лагос, Нигерија со просечна од околу 275 евра за ноќ. Се претпоставува дека скапиот престој во хотелите во оваа земја се должи на растот на нафтената индустрија. Во рамки на еврозоната цените за хотелско сместување или се паднати или останаа исти. Така, цената на сместување во хотел во Барселона во просек се намалил за 22 проценти, а паѓаат цените и во Мадрид и во Даблин.

lagos

Женева со 273 евра за ноќевање е на третото место, Цирих со 267 на четвртото и Рио де Жанеиро со на 259 евра за ноќ, на петтото место. За разлика од Европа, Латинска Америка ги зголеми цените за хотелско сместување во првата половина на 2012 година, па така на оваа листа Рио де Жанеиро е на петто, Сао Паоло на 15 место, а Мексико Сити иако е на 43 место, ги зголеми цените од околу 30 отсто. Откако се опоравија од земјотреси и цунами цените на хотелско сместување се зголемија и во Токио и Дубаи.

stockholm-night-view-453 Hong-Kong

 

 

 

 

 

Град и цена во евра за една ноќ
20. Истанбул 209
19. Рим  211
18. Сингапур 212
17. Копенхаген 214
16. Франкфурт 216.3
15. Сао Паоло 216
14. Токио 225
13. Осло 228
12. Сан Франциско 228
11. Стокхолм 242
10. Вашингтон 243
9. Париз 245
8. Хонг Конг 246
7. Сиднеј 251
6. Њујорк 258
5. Рио де Жанеиро 259
4. Цирих 267
3. Женева 273
2. Лагос  275
1. Москва 327

Comments are closed.

Capture