2. коло во ПМФЛ комплетирано, Академија Пандев на третото место

Со натпреварот помеѓу Шкупи и Шкендија кој се одигра вчера беше комплетирано и 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија на гостувањето кај клубот од Чаир со 0:3 дојде до втората убедлива победа, откако во првото коло го прегази шампионо Вардар на домашен терен со 2:0.

Тетовци сега се на првото место со 6 освоени бодови, исто колку што има и Силекс кој во второто коло со 0:3 ја декласира Ренова на гостински терен.

PMFL 2 kolo

На третото место со 4 бода е Академија Пандев која со 2:0 на домашен терен го победи ФК Скопје и дојде до својата прва победа во Првата лига.

Пелистер со исто така 4 бода е на четвртата позиција, додека Вардар со 3 бода е на петтото место. Актуелниот шампион со 4:0 ја декласираше Победа.

Работнички со две ремиа и вкупно 2 бода е на шестата победа, додека Шкупи со 1 бод е на седмото место.

Ренова е осма на табелата со 1 бод, додека Скопје и Победа кој се на деветтата и десеттата позиција се уште немаат освоено бодови.

 

Comments are closed.

  vtoro122