Во недела започнува Втората македонска фудбалска лига

Во недела започнува новата сезона од Втората македонска фудбалска лига, која од оваа сезона ќе биде поделена на две лиги, Исток и Запад.

Со почеток од 16:30 часот започнуваат сите натпревари во двете лиги. Во двете лиги ќе се натпреваруваат по 10 екипи.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Во Исток: Турново, Беласица, Брегалнциа, Тиквеш, Осогово, Миравци, Саса, Плачковица, Борец и Победа Валандово.

Во Запад: Македонија ЃП, Тетекс, Велазерими, КФ Гостивар, Локомотива Скопје, Новаци, Еуромилк, Зајази, Струга Трим & Лум и Лабуништа.

Од Струмица во Втората лига – Исток ќе има два претставника, Турново и Беласица.

Беласица во првото коло на домашен терен силите ќе ги одмери со Тиквеш од Кавадарци, додека Турново на домашен терен ја пречекува Брегалница од Штип која минатата сезона испадна од Првата лига.

 

 

Comments are closed.

  vtoro122