Академија Пандев со прва победа во ПМФЛ

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Академија Пандев со резултат од 2:0 го победи ФК Скопје на домашен терен во натпревар од второ коло од Првата македонска фудбалска лига.

За „Пандевци“ ова е првата победа во Првата лига, откако во минатото коло ремизираа (1:1) со Шкупи.

Домаќините преку Дориев уште во 6. минута од натпреварот дојдоа до водство од 1:0. Во 35. минута од натпреварот Атанасов постигна гол за 2:0 и воедно тоа беше конечниот резултат.

„Академијата“ сега е на втората позиција со 4 бода, додека на првото место е Силекс, кој денес со 0:3 на гостински терен ја прегази Ренова.

Во следното коло Академија Пандев гостува кај Шкендија.

Comments are closed.

  vtoro122