Шокантно откритие: Мажите се` повеќе време поминуваат пред огледало

Најновите американски истражувања доаѓаат со шокантни откритија – 34 отсто од мажите се` почесто ги користат женски производи за убавина за да го подобрат својот изглед.

200174458-001

Мажите, исто така, трошат повеќе време на разубавување, а 25 отсто од нив поминуваат подеднакво исто време во продавници како и нивните девојки. На листата на најважни третмани за разубавување, на самиот врв меѓу припадниците на посилниот пол се наоѓа отстранувањето на влакната. Дури околу 30 отсто од нив признаваат дека ги депилираат влакната на телото.

Меѓутоа, момците сметаат дека не се метросексуалци, односно мислат дека, сепак, не обрнуваат толкаво внимание на изгледот за да би можеле да се нарекуваат метросексуалци. Се оправдуваат со тоа што велат дека не користат шминка како пудра или моливче за очи.

E_Tom_Hussey_274

Comments are closed.

popup11