Жените во црвено – слабост на машкиот пол

Бојата има неверојатна моќ, а особено црвената. Најновите истражувања покажуваат дека келнерките кои носат облека со црвена боја добиваат повисоки и почести бакшиши од оние чија облека е во некоја друга боја.

woman in red

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Бретања, Франција се упатија во пет ресторани и спроведоа експеримент со 11 келнерки облечени во исти маици, но во различни бои – црна, бела, црвена, сина, зелена и жолта. На келнерките им беше кажано кон гостите да се однесуваат потполно исто, без разлика на тоа која боја на маица ја носат.

Крајниот резултат е фасцинантен! Имено, кога келнерките носеле црвени маици, келнерките од машките гости добивале до 26,1 отсто повисоки бакшиши. Меѓутоа, бојата на облеката не правела разлика во бакшишот што го оставале женските посетители.

th (1)

Истражувачите кажуваат дека причината за оваа појава е тоа што мажите ги привлекуваат жени во црвена облека и сакајќи да бидат забележани од келнерките што носат црвено, оставаат повисоки бакшиши.

Истиот тим отрки дека келнерките кои носат црвен кармин добиваат поголем бакшиш од машките постители. Други истражувања, пак, покажале дека, генерално жените кои носат црвена боја се значително попривлечни за мажите.

Девојки, зарем уште чекате?

redlipstick

Comments are closed.

Capture