Пречистителната станица во Струмица ќе биде пуштена прва поради навремено исполнетите обврски на Општината

„Сите работи се одвиваат согласно планот, а општина Струмица навистина ги исполнуваше своите обврски навремено, што придонесе од сите три Пречистителни станици кои што ги градиме во моментот, таа да биде првата која што ќе ја пуштиме во употреба“, рече Јадранка Иванова раководител на Сектор за Европска унија во министерството за животна средина и просторно планирање при посетата на Пречистителната станица во Струмица. Целта на посетата беше да се види прогресот во изградбата на Пречистителната станица која што е проект финансиран од ЕУ во вредност од 6,9 милиони евра.20840691_1384294871623939_3470783022359437440_n

-Од тоа што можевме да го видиме, работите речиси се при крај, односно, дел од објектите се пуштени во тестирање, го поминаа тестот, дел се подготвуваат за тестирање и се надеваме дека како што и беше планирано до крајот на октомври Пречистителната станица ќе биде пуштена и во употреба со цел да може сите отпадни води од Струмица да се прочистуваат и потоа како прочистени да се влеваат во реките на подрачјето на Струмица. Овој проект значително ќе придонесе за заштита на водите, затоа што водите во реката Струмица повеќе нема да бидат загадени, односно, нема да има негативно влијание од отпадните урбани води од Струмица и претставува многу значаен проект за Република Македонија, заради тоа што, тој е од обврските кои што ги имаме согласно Законот за води, да сите отпадни води се прочистуваат и да не бидат испуштени во реципиентите без нивно претходно соодветно прочистување. Согласно Законот, тој претставува дел од обврската и на општина Струмица, меѓутоа, дел и од обврските кои што постојат за Република Македонија, односно, за министерството за животна средина. Особено ми е драго што можам да видам дека сите работи се одвиваат согласно планот, а можам да кажам дека општина Струмица навистина ги исполнуваше своите обврски навремено, што придонесе од сите три Пречистителни станици кои што ги градиме во моментот, таа да биде првата која што ќе ја пуштиме во употреба, рече Иванова.20840691_1384294871623939_3470783022359437440_nречистителната станица се простира на површина од 55 илјади метри квадратни и ќе опслужува 53.419 жители од градот и околните населени места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Просениково, Муртино и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица.20882065_1384294954957264_2758418333945043257_n 20882909_1384294874957272_1859430153742335870_n 20914344_1384294864957273_8372818892447220417_n

Comments are closed.

  vtoro122