Повик за фокус група на „НОВУС“ во рамките на проектот поддржан од општина Струмица

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица објавува повик за учество на фокус група со цел изнаоѓање на нови начини и концепти за иницирање на младинско вклучување во младински организации, креирањето на локални политики и процеси на донесување на одлуките. Повикот е во рамките на проектот „Младите и младински организации како партнер на општина Струмица“ кој се реализира со финансиска поддршка на општина Струмица.20953185_1384513021602124_6683332018049844092_n
Преку оваа фокус група присутните ќе можат да го дадат своето мислење, сугестии и идеи во врска со потребите на младите и проблемите што ги имаат во општина Струмица.
Фокус групата ќе се одржи на 24.08.2017 (четврток) со почеток во 18.00часот во дом на АРМ (стара сала на Совет).
Сите заинтересирани млади за учество на фокус групата нека се пријават на: zdruzenienovus@gmail.com

Comments are closed.

Capture